Англија се намачи да стигне барем до минимална победа над
Словенија синоќа, а тоа го направи со голот на Кејн во самата завршница од
мечот кој се одигра на Вембли, во рамките на квалификациите за СП Русија 2018.
Повторно бледо издание за фудбалерот на Ливерпул, овој
пат во дресот на својот национален тим, а неговата фрустрирачка реакција по
замената која ја направи селекторот Герет Саутгејт во 64. минута говори
доволно (види фото).
Лингард влезе на местото на Чемберлејн, а англиските
фанови се активираа на социјалните мрежи, некои се потсмеваа со Ливерпул за
вложените средства во него ова лето, некои со критики за неговото бледо издание
синоќа, „Ох…погледнете, Чемберлејн не е повеќе на теренот и одеднаш Англија создава шанси!“, гласеше еден од коментарите.