Младинскиот репрезентативец на Македонија, 21 годишниот
Алекса Амановиќ викендов го постигна својот прв гол во новата сезона во дресот на
српскиот Суперлигаш Јавор, кој се врати со пораз од 2-1 на гостувањето кај
Бачка Паланка, во 15. рунда натпревари во тамошниот шампионат.
Нашиот интернационалец ги одигра сите 90 минути за
гостите а во 30. минута имаше соло продор во противничката половина на
домаќините кој го „зачини“ со убав погодок.
(Голот на Амановиќ на 2,08)
Амановиќ потекнува од младинската школа на белградски
Партизан, Суперлигашот Јавор се одлучи да му даде шанса во првиот тим, а
веројатно не жали за таа одлука во моментов.
Тимот од Ивањица има тројца македонски интернационалци во
својот состав, покрај Амановиќ, во дефанзивниот ред е уште и 22 годишниот Филип
Ристовски кој е стандарден во српскиот прволигаш, исто како и искусниот 32
годишен напаѓач Филип Ивановски кој со два гола е прв стрелец на екипата.
Само Ристовски не беше во комбинација за натпреварот кој
се одигра вчера, Ивановски играше се до 82. минута кога беше заменет.
На Јавор му претстои битка за опстанок во елитното
друштво на Србија откако со 11 бода засега е во долниот дел од табелата во
зоната за испаѓање.