Милан со вкупен
резултат од 7-0 не дозволи никакво изненадување во двомечот со Шкендија во
плејофот од квалификациите за Лига Европа.
Росонерите славеа
и во Скопје, на терен на Шкендија и тоа минимално со 0-1, а ние издвојуваме
неколку фотографии од објективот на „24фудбал“ од натпреварот кој се одигра на
„Телеком Арената“ во Скопје.
Предводени од
капитенот Леонардо Бонучи и Винченцо Монтела од клупата, Росонерите со малку
подмладен состав обезбедија триумф во Скопје со погодокот на големиот талент во
своите редови Кутроне на кого му се предвидува блескава кариера.
Резултатот
е секако во втор план, во прв е тоа што Шкендија максимално ја искористи приликата
да има двомеч со великан од типот на Милан, а се надзира веќе и соработка со
тимот од Милано.