Кога името не носи успех: Приказната за браќата Зидан, Фиго и Даниел

by bojan
1 минути читање

Бенифка вечерва го пречекува Реал Мадрид во Лигата на шампионите, а во фокусот на медиумите е младиот Даниел Банжаки, кој потекнува од семејство со необична фудбалска приказна.

Даниел Банжаки е 17 годишно момче, кое изминатиов викенд доби шанса од Жозе Мурињо да дебитира во првиот тим на Бенфика во натпревар од португалскиот шампион.

Гардијан неодамна го смести како еден од 60-те најголеми таленти родени во 2008 година, но тој сега го привлече вниманието поради тоа што потекнува од семејство со необична фудбалска приказна.

Даниел Банжаки има двајца браќа, едниот се вика Зидан, другиот Фиго. Има и двајца братучеди, Малдини и Ривалдо.

Сите се фудбалери, но никој од нив нема поуспешна кариера, најдалеку догура Зидан Банжаки, кој минатата сезона играше во соседството, во редовите на Пансераикос во Грција, сега е дел од Арарат во Ерменија.

Во едно интервју, тој откри како се ставени имињата во неговото семејство.

„Требаше да се викам Мијатовиќ, но мојата мајка не можеле правилно да го изговори, па отвориле книга за Европското првенство, им се допаднало името Зидан, и така ме крстиле. На мојот брат му го дадоа името Фиго“ – раскажува Зидан Банжаки.

„Од љубов кон Милан, моите братучеди се крстени Малдини и Ривалдо“.

Но од сите овие, најмладиот и со најнормално име, Даниел е на пат да направи голема кариера.

ФОТО: X/SL Benfica

Можно е и ова да ти се допаѓа

×