Кога игра со Сасуоло, Милан има проблем – не помгонаа и два гола на тинејџерот Бартезаги! (ВИДЕО)

by Стефан
1 минути читање

По серијата од три последователни победи во Серија А, екипата на Милан денеска ремизираше со Сасуоло одигрувајќи 2-2.

Гостите уште од првата минута најавија дека нема да бидат лесен противник и брзо ја крунисаа добрата игра. Во 13. минута Коне го отвори резултатот и му донесе водство на Сасуоло.

„Росонерите“ возвратија во финишот од првиот дел, кога во 34. минута младиот, 19-годишен Бартезаги успеа да го совлада противничкиот голман и да израмни.

Само што започна второто полувреме, Милан направи пресврт. По само две минути игра, Бартезаги повторно се најде во центарот на вниманието, реализирајќи го својот втор погодок по асистенција на Нкунку.

Сепак, Сасуоло не се предаде и успеа да се врати во натпреварот. Во 77. минута Лауренте погоди за 2:2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Ова реми уште еднаш потврди дека Сасуоло е незгоден ривал за Милан во последните години, со оглед на тоа што во последните шест меѓусебни дуели „росонерите“ забележаа само една победа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×