Португалецот се
повреди на репрезентативна должност и ги загрижи „бјанконерите“, но се очекува
тој да пузира само една до две недели и да биде подготвен за четвртфиналето од
Лигата на шампионите.
„Кристијано Роналдо е добро, но кога имате повреда на мускулот, дури и ситна, морате да
бидете внимателни и да не ризикувате“ – вели првиот човек на Јувентус, Андреа
Ањели.
„Да ризикувате и да го избрзате враќањето за еден меч, тоа може да ја
компромитира завршницата од сезоната. Па подобро е да пропуштите еден натпревар
отколку два ипол месеци“.
„Исто така,
наша среќа е што Јувентус има широк состав и 25 квалитетни играчи на располагање. Секако, тоа
што Кристијано Роналдо, најдобриот играч во светот, е на теренот носи
спокојство и дополнителна сигурност кај останатите, но мораме да внимаваме“.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.