Новиот десен бек на Рома, Весли даде интересна изјава по повод трансферот. Бразилецот кој летово пристигна од Фламенго во Рим за сума од 25 милиони евра призна дека бил изненаден од понудата на „волчицата“.
Според него, бидејќи не играл редовно, а кога играл не бил сјаен беше зачуден од одлуката на Рома да испрати богата понуда за него.
„Кога дојде Рома и понуди 20 милиони евра, а јас не играв си помислив – тие се луди. 25 милиони евра за фудбалер кој не игра, а кога игра промашува пасови пред камерите. Се запрашав, зошто го прават тоа? Откако видов дека Гасперини ја презеде Рома и дека навистина ме сака во клубот, сè понатаму одеше добро. Кога стигнав тука почнав да работам, се надевав дека ќе напредувам. Нема веднаш да станам Дани Алвес преку ноќ, не е возможно“, изјави Весли.
Рома во новата сезона влезе во нова ера со Џанпјеро Гасперини на клупата како наследник на Клаудио Раниери.