Кога Челси може да ја освои титулата по киксот на Тотенхем кај Вест Хем

by
1 минути читање

Серијата од девет
победи на „Спарси“ е прекината во најлош момент, кога избраниците на Маурисио Покетино
можеа да го стават Челси под голем притисок и да ја направат трката за титулата
поинтересна.

Но наместо
возбудлив финиш на сезоната, по киксот на Тотенхем кај Вест Хем, титулата
полека му се насмевнува на Челси.

Победа на
Стемфорд Бриџ во понеделник над Мидлсбро, на „Сините“ ќе им донесе +7 на врвот
на три кола до крајот.

Па уште еден
триумф во последните три кола ќе значи титула во Премиерлигата.

Веројатно првата „меч
токпа“ избраниците на Антонио Конте ќе ја имаат на 12. мај кога ќе гостуваат
кај ВБА.

Распоредот на
Челси до крајот на сезоната:

Челси – Мидлсбро 8. мај
ВБА – Челси 12. мај
Челси – Ватфорд 15. мај
Челси – Сандерленд 21. мај

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани