„Кралевите“ го договорија новото чудо од дете на Фламенго откако одвоија неверојатна сума и платија околу
45 милиони евра за 16 годишниот Винисиус Жуниор.
Барселона исто така достави понуда за новиот фудбалски бисер на Бразил, но
понудата на „Каталонците“ беше далеку помала и изнесуваше 25 милиони евра.
Медиумите шпекулираа дека и други клубови го посакувале Винисис Жуниор, но
според Пеп Гвардиола, никој не може да им ги помати плановите на гигантите од
Шпанија.
„Кога Реал или
Барса сакаат некој играч, го купуваат” – вели менаџерот на Манчестер Сити.
„Другите клубови
немаат шанси, ние не се ни обидовме”.
„Против Реал и
Барса, понекогаш ниту парите не се доволни за да се борите со нив за некој
играч”.
„Ситуацијата не е
едноставна. Реал плаќа 45 милиони евра за 16 годишно момче, па можеме да
замислиме само како функционира пазарот”.