Коентрао мистеричен: Би сакал да зборувам за причините зошто си заминав од Реал Мадрид, но, едноставно не можам

by
1 минути читање

Откако се врати
на клупските обврски во Рио Аве, Фабио Коентрао за момент проговори за
причините поради кои го напушти Реал Мадрид, меѓутоа не откри конкретни детали
за тоа што се случуваше во тој период.

31 годишниот бек
помина цели седум години од својата кариера во шпанската престолнина, а беше
запрашан за заминувањето од Реал Мадрид по мечот каде неговата екипа викендов
загуби убедливо со 3-0 од Спортинг Лисабон на нашиот Стефан Ристовски.

Многу работи се
случија тогаш, доколку би можел да објаснам што се
се случи на 31 август вие би сфатиле што точно се
случи
“ рече Коентрао.

Би сакал
навистина да говорам на таа тема, но, едноставно не можам
“ посочи искусниот бек
притоа не додавајќи ништо подетално на таа тема, отворајќи конспирација околу
неговото заминување од Кралскиот клуб.

Рио Аве во
моментов е на деветтото место во Примера Лига, со изгледни шанси за излез во
Европа, но и опасната зона за испаѓање не е толку далечна за таа екипа.

Имав преубава
кариера, освоив многу трофеи и играв за најдобрите клубови во светот, сега сум
дома
“ објасни Коентрао.

Никогаш не сакам
да гледам назад, никогаш не би посакал ниту да помислам да се запрашам каде би
можел да бидам, во моментов јас сум тука и единствено нешто што посакувам е да
му помогнам на Рио Аве во Примеира Лига
“ заклучи Коентрао.

Коентрао од лани е дел од редовите на Рио Аве, со тој клуб има важечки договор до претстојново лето, а за понатаму се уште нема никакви најави во однос на неговата иднина.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×