Македонскиот голем талент, Елиф Елмас од оваа сезона е играч на Фенербахче, тимот кој утре ќе се сретне против Вардар во плејофот од Лига Европа.
Младиот Елмас треба допрва да се бори за место во првиот тим, а тренерот Кочаман верува дека тој ќе стане голем играч за Фенер.
„Самиот трансфер на еден млад играч во Фенер, што не е карактеристично за нас кажува колку е важен за нас. Тоа е еден квалитетен и талентиран играч, јас мислам дека ќе добие доволна шанса да се развие и мислам дека тоа ќе биде еден важен трансфер за Фенербахче. Станува збор за играч кој има неполни 18 години, кој е многу талентиран играч. Тој ќе има идеален временски период за развој на неговиот талент, ќе бидат потребни година ипол и две ипол годни, но не смееме веднаш уште сега да имаме големи очекувања за него. Ние сме тука да создадеме добра атмосфера за него и за останатите млади таленти да имаат доволно време да се развијат во големи фудбалери“ – изјави Кочаман.