Кобна 90. минута: ПСЖ ја фрли Барса на колена, Монако го сопна Манчестер Сити (ВИДЕО)

by bojan
1 минути читање

ПСЖ и покрај бројните повреди успеа да слави на гостувањето кај Барселона, Рамош ги фрли „каталонците“ на колена“, 90. минута беше кобна и за Манчестер Сити, кој киксна на гостувањето кај Монако.

Дербито во 2. коло во Лигата на шампиони му припадна на ПСЖ, „светците“ со 1-2 си заминаа од гостувањето на „Монжуик“.

И покрај тоа што имаа бројни повреди, избраниците на Енрике успеаја да ја фрлат Барселона на колена и тоа со гол во самиот финиш.

Торес ги донесе „каталонците“ во предност од 1-0 по дваесет минути игра, но пред крајот на првиот дел, Мајулу изедначи на 1-1.

Барса се мачеше во продолжението од мечот, ПСЖ го имаше поседот и ја контролираше играта, во 90. минута успешно беше избегната една офсајд стапица, а Рамош рутински реализираше за 1-2.

90. минута беше кобна и за Манчестер Сити, кој киксна на гостувањето кај Монако.

Со двата гола на Халанд, „граѓаните“ имаа предност од 1-2 на полувремето, но во вториот дел повеќе мислеа како да ја умртват играта отколку да го решат натпреварот па беа казнети во финишот кога беше направен несмасен пенал.

Ерик Даер презеде одговорност и погоди од белата точка за 2-2.

Арсенал со 2-0 го совлада Олимпијакос, Наполи на нашиот Елиф Елмас со 2-1 славеше над Спортинг, додека пак најубедливата победа вечерва ја забележа Борусија Дортмунд со триумф од 4-1 над Атлетик Билбао.

Виљареал и Јувентус одиграа 2-2, а без победник заврши и пресметката помеѓу Баер Леверкузен и ПСВ, таму резултатот беше 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×