276
По само два месеци поминати во Клуж, македонскиот напаѓач, Марко Ѓорѓиевски кариерата ќе ја продолжи во нов клуб од Романија, Херманштад.
Доцна синоќа двата клуба официјално го објавија трансферот на Марко Ѓорѓиевски.
Македонскиот фудбалер стави потпис на тригодишен договор со Херминштад кој се наоѓа на 11. место во романската Суперлига со седум освоени бода.