24
Само неколку недели по доаѓањето на клупата, Алваро Арбелоа веќе ја чувствува тежината што ја носи работата во Реал Мадрид. Младиот стратег го презеде тимот на 13 јануари како наследник на Чаби Алонсо, но стартот на неговата ера не помина според очекувањата на навивачите.
Дека изминатиот месец оставил трага врз тренерот, забележуваат и шпанските медиуми. „Ел Чирингуито“ објави дека Арбелоа видливо ослабел, а промената можела лесно да се воочи и на неговото лице.
И ако досегашниот период бил турбулентен, вистинските предизвици допрва доаѓаат. Реал го чека жестока битка за бодови во Ла Лига, како и клучните европски пресметки кои ќе ја дефинираат сезоната и иднината на новиот кормилар.