Серија А во
моментов е суспендирана, исто како и многу други фудбалски првенства ширум Европа. Првичниот план беше сезоната да продолжи на почетокот од април, но се чини
дека ова се нереални очекувања и епидемијата од коронавирус ќе продолжи и
следниот месец(и).
Според пишувањата
на Ла Република, клубовите од Серија А ќе останат покуси за околу 700 милиони
евра доколку првенството не се доигра.
Ќе бидат загубени околу 430 милиони евра
од ТВ права, и уште 270 милиони евра од продажба на билети, производи и останати
приходи кои се прават во деновите кога има фудбал.
Ова може да им направи
сериозен проблем на клубовите, да се загрози нивната ликвидност, па затоа се
прават напори за доигрување на сезоната.
Една алтернатива
е да се игра фудбал без престан од почетокот на мај до крајот на јуни, односно
првенството да продолжи на 3. мај, и да финишира на 28. јуни. Од Серија А треба
да се доиграат 12-13 натпревари, клубовите кои имаат обврски во Европа би
можеле да играат уште 4-5 натпревари, па тоа за некого би значело фудбал на
секој три дена.