Клубовите од Англија се свесни дека и следната сезона би можеле да ја играат без публика

by
1 минути читање

Додека клубовите дискутираат да ја завршат оваа сезона без публика на неутрални стадиони, исто така ги прават пресметките за што ќе се случи доколку и наредната сезона треба да играат зад затворени врати.

Клубовите очекуваат фудбалот да се врати во нормала кога ќе има вакцина против Ковид-19. А не се верува дека таа ќе биде достапна до средината од идната година.

Во меѓувреме големи се шансите натпреварите да се играат без публика, па клубовите ќе треба да ги прилагодат буџетите на таквата состојба знаејќи дека ќе го немаат приходот од продажба на билети.

Што се однесува до оваа сезона, планот е Премиерлигата да продолжи на 12 јуни, но дали тоа ќе се случи ќе зависи и од мерките на владата базирани на актуелната ситуација со коронавирусот.

Минатиот петок 20. клуба од Премиерлигата имаа состанок, сите се согласни сезоната да продолжи, а следниот состанок ќе биде по 7 мај кога владата ќе треба да се изјасни дали ќе ги намали мерките кои се на сила или тие ќе останат исти уште некое време.

Планот на Премиерлигашите е да се одберат 8 до 10 неутрални терени на кои ќе се играат натпреварите без публика.

Друга опција е сезоната да се доигра во странство, Австралија се понуди да биде домаќин на преостанатите мечеви на Англичаните од оваа сезона, но оваа варијанта е помалку веројатна.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×