Аргентински Расинг најде едноставен начин да се одбрани од нападите на поголемите и финансиски помоќни клубови и да го задржи најдоброто што го има.
Претседателот на клубот од Авелјанеда, Диего Милито, во средата присуствуваше на потпишувањето на новиот договор на напаѓачот Адријан „Марвилија“ Мартинез, кој стави потпис на уште две години и со тоа останува дел од тимот најмалку до 2026 година.
На прв поглед станува збор за очекуван потег по добрата сезона на искусниот напаѓач, но она што го прави случајот посебен е откупната клаузула која ја внесе клубот во договорот. Расинг постави цена од 122 милиони евра, што претставува апсолутен рекорд во аргентинскиот фудбал.
Во Расинг сакаат да се одбранат од налет на поголемите како што беше случај со Макси Салас кој замина во Ривер Плата.