Клубот на Несторовски продаде играч во Грција за рекордна милионска сума!

by 24 фудбал
1 минути читање

Грчки Панатинаикос го комплетираше големиот трансфер и во своите редови го доведе хрватскиот талент Адријано Јагушиќ. Офанзивецот пристигнува од Славен Белупо, кој потврди дека се работи за највредната продажба во клупската историја.

Според бројките кои се појавија во хрватските медиуми, атинскиот гигант ќе издвои 5,2 милиони евра, а договорени се и бонуси кои можат да донесат уште 800.000 евра. Во пакетот е вклучен и процент од идната продажба, па клубот од Копривница ќе добие и 20% од следниот трансфер на фудбалерот.

Со оваа зделка убедливо е надминат претходниот рекорд што го држеше трансферот на Никола Катиќ во Ренџерс вреден 2,28 милиони евра. Веднаш зад него беше продажбата на Мато Јајало во Сиена за 2 милиони.

Во Славен Белупо, Јагушиќ делеше соблекувална и со македонскиот напаѓач Илија Несторовски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×