Клуб од Саудиска Арабија сериозно загризал за услугите на Рафиња, подготвен е на Барселона да и плати најмалку 100 милиони евра, а на фудбалерот му ветува двојно поголема плата, плус многу поволности.
Саудиска Арабија и ова лето ќе биде еден од главните играчи на трансфер пазарот, и нема да се штедат пари за привлекување на звучни имиња.
Како што пренесува Мундо Депортиво, клуб од Саудиска Арабија сериозно загризал за услугите на Рафиња од Барселона.
Името на клубот не се открива, само е познато дека станува збор за еден од најголемите во земјата.
Тој е подготвен на Барселона да и плати најмалку 100 милиони евра за реализирање на трансферот, додека пак на Бразилецот му ветува двојно поголема плата, плус многу други поволности.
„Каталонците“ се во финансиска криза па една ваква зделка е добредојдена, но останува да се види дали Рафиња ќе биде примамен за напуштање на Европа и преселба во Саудиска Арабија.