Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Ливерпул отворил преговори со Валенсија за трансфер на Гиорги Мамардашвили, но проблем е тоа што не можат да му гарантираат место во стартниот состав.
Валенсија ова лето беспари го ангажираше нашиот Столе Димитриевски со надеж дека убаво ќе заработи од продажба на Гиорги Мамардашвили.
Но до овој момент ниту еден клуб не загриза посериозно за Грузиецот, и покрај тоа што голманот имаше одлични партии на Европското првенство.
Но последните информации велат дека Ливерпул отворил преговори со Валенсија, „црвените“ се подготвени да инвестираат преку 30 милиони евра за ангажман на Гиорги Мамардашвили.
Сепак, проблем е тоа што не можат да му гарантираат место во првиот тим, Алисон во моментов е неприкосновен помеѓу стативите.
Една опција е да го испратат на позајмица, по можност во клуб од Англија, со цел Гиорги Мамардашвили да се привикне на животот и фудбалот на „островото“.