Клуб од Мексико во своите редови ги има Зинедин Сидан, Кристијано Роналдо, Робињо и Роберто Карлос (ФОТО)

by bojan
1 минути читање

Легендарниот мексикански клуб Чивас во својот состав има неколку фудбалери кои привлекуваат огромно внимание поради своите имиња – најпопуларни се Зинедин Сидан Ернандез Квезада и Кристијано Роналдо Рохас Видал.

Чивас од Гвадалахара се најде во центарот на вниманието откако беа објавени имињата на фудбалерите пријавни за настап во првенството на Мексико.

Особено две имиња добро ги насмеаја љубителите на фудбалот ширум светот – Кристијано Роналдо Рохас Видал и Зинедин Сидан Ернандез Квезада.

Ова не е прв пат светот да слушне за 18 годишниот Сидан, неговиот татко неодамна јавно проговори на оваа тема.

„Ова е во чест на големиот Зинедин Зидан, се работи за фудбалер кој ми остави длабока трага. Зошто со С наместо со З? Кога дојде време да го внесеме името, вработениот го пиша погрешно…“ – рече таткото на фудбалерот.

И како ова да не е доволно, во тимот играат уште Робињо Ромеро Кинтеро и Роберто Карлос Алварадо Ернандез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×