Клуб Бриж ја одби последната понуда од Милан за Јашари!

by 24 фудбал
0 минути читање

Милан ја испрати последната понуда, но Клуб Бриж останува непопустлив. Ардон Јашари засега нема дозвола за заминување од Белгија.

Белгискиот новинар Томас Таке тврди дека Бриж ја одбил и најновата понуда на „росонерите“, вредна вкупно 38 милиони евра (33 милиони плус бонуси).

И покрај големиот интерес и обидите на Милан, белгискиот клуб не сака ни да размислува за трансфер под 40 милиони евра. Спортскиот директор Игли Таре беше јасен, ова е последна понуда и клубот нема намера да оди повисоко.

Ако не се случи пресврт, Јашари, кој има потекло од Куманово, ќе остане во Бриж барем уште една сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×