Ливерпул стигна
до максималните пет победи во новата сезона од Премиерлигата, откако на
гостувањето кај Тотенхем триумфираше со 1-2, вториот гол за гостите го постигна
Фирмино а токму тој се соочи со една доста незгодна повреда, па мораше во 74.
минута предвреме да го напушти теренот.
Бразилецот доби
повреда на окото откако прстот на Вертонген заврши на тоа непосакувано место,
веднаш потоа главниот арбитар на средбата во Лондон досуди прекршок за
домаќините, а тоа го вознемири Јирген Клоп, па германскиот стратег беше доста
фрустриран на оваа одлука, не заборави да се огласи за тој спорен, барем за него
момент.
„Тоа беше
прекршок за Тотенхем, така? Колку смешно… Не го видов убаво тој момент,
ситуацијата ја видов од 60 метри оддалеченост, немам претстава што точно се
случи, но од тоа што го забележав имаше нешто со неговото око, сигурно не се
чувствува добро за тоа, ќе видиме што ќе биде од сево ова“ коментираше шефот на
стручниот штаб на Ливерпул.
Тимот од Енфилд
во вторник ги стартува настапите во Лигата на шампионите, во воведното коло од
групната фаза игра против ПСЖ, извесно е дека бразилскиот офанзивец нема да
биде во комбинација за таа пресметка.
data-lang="en">