Клоп за лошиот гест на навивачите на Челси: Тоа е одвратно, нешто што не смее да се случи

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп повика на доживотна суспензија на
навивачите на Челси кои беа регистрирани како пејат навредливи песни за Мохамед
Салах, кого го нарекоа бомбаш.

Челси веднаш
реагираше и ја повика Славија Прага на синоќешниот меч во Лига Европа да им
забрани влез на стадионот на истите, а германскиот фудбалски стратег беше мошне
јасен во својата изјава по тие случувања.

Срамно однесување, навивачи на Челси го нарекуваа Мо Салах „бомбаш“, клубот брзо реагираше (ВИДЕО)

Тоа е одвратно,
нешто што не би требало да се случи
“ рече Клоп.

Ние не треба да
ги гледаме работите како да сме од Ливерпул или Челси, станува збор за одредена
група на луѓе, но посилна е реакцијата од наша страна, од сите нас, колку е
поголема, толку и ќе помогне да ги избегнеме овие работи во иднина
“ посочи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×