Ватфорд се
препороди под кормилото на Пол Пирс, а „настрада“ дури и Ливерпул, кој загуби
на гостувањето кај таа екипа дури 3-0 во редовното 28 коло од Премиерлигата
изминатиов викенд.
Играч на мечот
беше неверојатниот Исмаил Сар кој реализираше два погодоци, а истовремено зад
своето име запиша и една асистенција, во погодокот на капитенот Трој Дини за
конечни 3-0, а 31 годишниот напаѓач претходно му асистираше на Сар во еден од
погодоците.
Ливерпул имаше
еден блед меч, а речиси и никој да не одигра на своето препознатливо ниво,
потфрлија дури и триото Салах – Мане – Фирмино, но многумина прстот го вперија
кон Дејан Ловрен кој исто така се вклопи во сивилото на „Редсите“, меѓутоа така
не мисли и тренерот на европскиот првак, Јирген Клоп.
„Тоа не е фер,
воопшто, но таков е светот денес, доколку некои сметаат дека главната вина во
овој пораз треба да ја најдеме во Ловрен, тогаш јас не би можел да им помогнам
на тие луѓе“ рече Клоп.
„Многу време
посветувам на разговори со луѓето околу фудбалот во мојот живот, морам да кажам
директно дека тие знаат помалку од мене за оваа игра, тоа е сосема нормално,
јас сум добро платен во Премиерлигата и логично е да знам повеќе од останатите,
но, на тоа ниво не можеме да дискутираме, треба да се увидат ситуациите“ додаде
Германецот.
„Да, тоа беше
тежок дуел за Дејан да игра против Трој Дини, толку многу централни дефанзивци
во светот на фудбалот би имале доста потешкотии во вакви специфични ситуации…“
заклучи Јирген Клоп кој речиси сигурно дека утре во дуелот со Челси во ФА купот
повторно ќе игра со Ловрен, најмногу поради повредата на Џо Гомез.