Ливерпул со
победа се врати од гостувањето кај Лестер, но победа која беше тешко
извојувана, иако тимот на Јирген Клоп имаше водство од 0-2 по првите 45 минути
игра, во вториот дел домаќините притиснаа и по една катастрофална грешка на
Алисон Бекер дојдоа до намалување на негативата и пат до бод од овој меч.
На крајот
Ливерпул успеа да го сочува водството со сите сили, а по мечот Клоп беше
запрашан за киксот на Бразилецот, кикс кој во целост го смени текот на играта.
„Очекувано беше
да се случи такво нешто еден ден. Мислам дека тоа нема да се случи наредниот
меч. Се’ е во ред. Тој знае
дека можеше да ја расчисти опасноста од пред голот, едноставно мораме да се
адаптираме, нема никаква потреба да се враќа топката назад до голманот доколку
немате идеја, постојат и други солуции“ рече Клоп.
„Тоа
беше негова грешка на Алисон, ниту еден голман не би требало да дрибла во такви
ситуации. Потоа публиката се обиде додатно да го изнервура, но тој не наседна
на тоа, тоа мора да се случи еднаш, за да не се повтори“ додаде германскиот
фудбалски стратег.