219
Свонси му нанесе
минимален пораз на Ливерпул пред своја публика синоќа во редовното коло од
англиската Премиерлига.
Јирген Клоп очигледно е
премногу незадоволен од изданието на своите избраници за нивниот учинок синоќа,
а германскиот фудбалски стратег имаше еден непријатен момент кога реагираше на
навивач на Свонси кој, според него, целиот натпревар го вознемирувал.
„Тој постојано ме вознемируваше
во текот на целиот натпревар. Се извинувам, реагирав на тоа, но се потсетив
дека сум човек и покрај се’, но имам во предвид дека треба сепак да бидам
професионалец и да ги сносам сите последици од оваа работа“ рече Клоп.