„Црвените“ се
подготвуваат за градското дерби со Евертон, и за овааа средба ќе бидат без услугите
на еден од најдобрите играчи оваа сезона, Адам Лалана.
Фудбалерот се
повреди на должност со Англија и ќе паузира околу еден месец.
Јирген Клоп е
разочаран од ова, па менаџерот на Ливерпул прашува за што служат пријателските
натпревари на репрезентациите во овој период од сезоната, и им се чуди на
луѓето кои го креираат распоредот.
„Тешко е кога ќе
загубите играч како Адам на четири недели, тоа можат да бидат осум натпревари и
тоа е многу” – вели Германецот
за Скај Спортс.
„Тој што мислеше
дека е добра идеа Манчестер Сити против Ливерпул да играат во недела, а потоа
Германија со Англија во среда, очигледно не разбира ништо, ова нема никаква
смисла”.
„Мораме сите да
почнеме да соработуваме подобро: ФА, Премиерлигата, телевизиите и клубовите,
бидејќи сите се обидуваме да го продадеме најдобриот продукт”.
„Сити против
Ливерпул беше еден од најинтензивните натпревари во првенството. Па не можете
по ваков тежок натпревар да имате дуел помеѓу Германија и Англија. На крајот
играчите ја плаќаат цената и многу од нив се повредија изминатава недела”.
„За што служат
пријателските натпервари од овој дел од сезоната? Некој сака да ми каже дека
тие се важни бидејќи ќе научиме нешто за играчите?”
„За два месеци
пак ќе има пријателски натпревари. Наместо играчите да одат на одмор, тие ќе
играат пријателски средби со репрезентациите”.