Јирген Клоп ги
предупреди своите фудбалери посебно да внимаваат на Еден Азар во дерби
пресметката во Премиерлигата овој викенд.
Ливерпул со бод
предност во однос на Манчестер Сити е лидер на табелата во најсилниот англиски
фудбалски шампионат, но и меч повеќе од својот ривал за титулата во
Премиерлигата.
Мечот со Челси е
од особено значење за тимот на Јирген Клоп, а тој низ шега го објави планот
како да ја сопре првата ѕвезда во противничкиот табор кој игра во фантастична
форма изминатиов период.
„Ние овој пат ќе
земеме 13 фудбалери, а двајца ќе играат само против Еден!“ рече Клоп низ шега
на денешната пресконференција во пресрет на дерби пресметката во недела,
одговарајќи на прашањето како ќе го сопрат 28 годишниот офанзивец на Челси.
„Мораме да бидеме
сигурни дека нема да блесне, мораме да ги сопреме додавањата кон него, да
реагираме многу подобро отколку останатите екипи во тие обиди, кога тој ја има
топката во свој посед, веќе е доцна, прочитајте го мечот, прочитајте ги додавањата,
во дуелите еден на еден речиси е невозможно да го сопрете и да се одбраните од
него“ заклучи германскиот фудбалски стратег од клупата на Ливерпул.