Јирген Клоп прифатил прва работа по заминувањето од Ливерпул, ќе биде глобален директор за фудбал во Ред Бул, ќе има и посебна клаузула доколку добие понуда да стане селектор на Германија.
Јирген Клоп по крајот на минатата сезона го напушти кормилото на Ливерпул, изминатиов период имаше многу гласини за неговата иднина, а последните информации велат дека тој сега прифатил прва работа по заминувањето од Енфилд.
Како што пренесуваат медиумте од Германија, Јирген Клоп од 1. јануари ќе биде голбален директор за фудбал во Ред Бул.
Тој ќе ги советува сите клубови под капата на Ред Бул (Салцбург, Лајпциг, Њујорк и бразилски Брагантино) по голем број на прашања како филозофија на игра, трансфери, тренери, развој и младинска школа.
Јирген Клоп исто така добил и посебна клаузула со која ќе може да замине од позицијата само во случај ако добие предлог да стане селектор на Германија.