Клоп пред дуелот со Евертон: Може не ме бидува за многу работи, ама за ова сум гениј

by
1 минути читање

Германецот има
100% учиник во дуелите со Евертон откако го наследи Брендан Роџерс на кормилото на Ливерпул и е
подготвен за нова пресметка со „Карамелите“.

„Нема многу
градови во светот со два клуба од ваква големина и важност
– рече Јирген Клоп на денешната
прес конференција. „Ова се натпреварите кои со нетрпение ги чикате“.

„Може не ме
бидува за многу работи, но сум гениј за дерби средбите, веднаш разбрав што
значи оваа пресметка
.

„Светот запира на
90 минути во градот. Фудбалот не е најважна работа во светот, но во мал
временски период обожаваме да мислиме дека тоа е така
.

„Треба да бидеме подготвени, да ги направиме правите работи во прав момент,  да
одиграме агресивно но не премногу агресивно, и да се бориме за секоја топка за
да ги направиме среќни нашите фанови“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани