Проблеми за
европскиот првак уште на стартот од новата сезона во Премиерлигата, Ливерпул
иако славеше убедлива победа над Норвич во воведното коло пред своја публика од
4-1, го загуби Алисон Бекер.
Бразилскиот
голман уште во 39. минута го напушти теренот поради повреда, а од повторените
снимки јасно се увиде дека чуварот на мрежата од голот на Ливерпул имаше доста
болно и лошо стапнување, па за тоа каков е неговиот статус се произнесе шефот
на стручниот штаб на тимот од „Енфилд“, Јирген Клоп.
„Не е во ред, тоа
е повреда на листот, очигледно дека ќе му биде потребна рехабилитација одреден
период“ рече Германецот во својата изјава за официјалниот сајт на клубот.
„Не сакам да
претпоставувам колкав ќе биде периодот на рехабилитација и кога тој би се
вратил на терените, едно е сигурно, Алисон нема да брани во среда, сигурно ќе
отсуствува неколку седмици, меѓутоа ќе сочекаме на тоа“ додаде тој и се осврна
на шпекулациите низ медиумите на Островот дека Бразилецот ќе отсуствува цели
шест седмици.
„Веќе прочитав
низ одредени медиуми дека Алисон ќе отсуствувал шест седмици, но, тој не се
здобил со посериозни повреди во својата кариера, јас би сочекал одреден период
за да видам како ќе се одвива ситуацијата со него, меѓутоа, тој сигурно ќе
отсуствува наредните неколку седмици“ заклучи Клоп во пресрет на дуелот со Челси во среда во рамките на европскиот Суперкуп.