Јирген Клоп со
измените кои ги направи на дербито кај Челси успеа да придонесе неговиот тим да
го избегне првиот пораз сезонава во Премиерлигата.
Запрашан по
средбата, дали Салах бил среќен откако беше заменет со Шаќири уште во раната
фаза од средбата (65. минута), Клоп беше доста јасен во својот одговор, со тоа
што отфрли било каква загриженост за моменталната форма на Египјанецот.
„Секако дека не
беше, како би можел да биде среќен? Секако дека не. Но, ова е една нормална
ситуација, затоа служат тренерите, ќе разговараме за тоа, се додека работи на
овој начин со тимот, јас сум целосно задоволен од него“ посочи Клоп.
Токму
Шаќири учествуваше во акцијата по која Стариџ во 89. минута со еден фантастичен
гол успеа да му донесе бод на Ливерпул од исклучително тешкото гостување на
Стемфорд Бриџ каде домаќините беа на прагот до посакуваните три бода од
дербито.