Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека оваа сезона англиските екипи
нема да доминираат на начин на кој што тоа го сторија ланската сезона, каде
имаа финалисти и во Лигата на шампионите, како и во Лига Европа.
Ливерпул го
совлада Тотнем во финалето од Лигата на шампионите, од друга страна пак, Челси
беше подобар од својот градски ривал Арсенал во финалната пресметка од Лига
Европа, а во пресрет на вечерашната ждрепка (18,00), Клоп не е убеден во тоа
дека и годинава ќе има доминација на Англичаните.
„Групите ќе бидат
неверојатни, немам никаква претстава кој би ја освоил Лигата на шампионите,
имаме шанси како и сите други екипи, но, не ги гледам нашите, англиските екипи
како би доминирале и сезонава“ вели Клоп.
„Ова е лудо, јас
дури и не мислам дека некогаш постоел посилен втор шешир, сите тие би требало
да бидат во првиот, но, таму нема место за сите, истото го сметам и за
останатите шешири, во четвртиот дури се најде Лајпциг, неверојатно!“ заклучи
германскиот фудбалски стратег од клупата на европскиот првак.
Во пресрет на
денешната ждрепка, еве ги шеширите…
class="twitter-tweet" data-lang="en">