Клоп: Не знам многу начини како да го победам Сити, но…

by
2 минути читање

Ливерпул со вчерашната победа над Сити има дури девет бода пред тимот на Пеп Гвардиола, и по осум повеќе од Челси и Лестер.

„Не знам дали некогаш сум имал девет бодови предност, никогаш не сум имал девет бода пред Сити, особено по натпревар со нив, што е тотално нешто ново“, вели Клоп.

„Сега секој бод ни е важен бидејќи пред нас е најинтензивниот период. Гледате како играат Челси и Лестер, и доколку изгубевме сега тогаш ќе беше само пет поени разликата со нив, а тоа е ништо“.

„Не сме изненадени од тоа како одигра Сити, тие имаа моменти, можеби и подобри од нас, но тоа е комплетно нормално. Не знам многу начини како да го победам Сити но ако сакаме да го направиме тоа, треба да го направиме со интензитет и да ги форсираме да влезат во нашата игра, токму тоа го направија моите момци овој пат“.

„Доколку сакате да го победите Манчестер Сити, што е многу тешко за било кој тим во светот, не можете да играте на начинот на кој тие играат бидејќи тие се дефинитивно најдобрите во тој начин на игра. Тоа нема смисла“.

„Па ние требаше да го направиме тоа на наш начин. Бевме интензивни уште од првата секунда на мечот. Постигнавме два неверојатни гола. На моменти требаше и да страдаме, но го контролиравме мечот се додека нашите нозе не се изморија“.

„Во последните 10-15 минути Сити постигна гол и тоа им даде моментум и верба, го контролираа мечот, но во другите 75 минути ние го контролиравме натпреварот со нашиот интензитет“.

„Не им дозволивме да го прават тоа што сакаат и мислам дека ако тоа е лесно ќе го правеа и другите екипи. Момците одиграа неверојатно“.

Клоп проговори и за спорната ситуација во нивниот шенсаесетник кога топката го удри во рака Александер Арнолд.

„Не го видов тоа. Знам само дека луѓето кои виделе ми кажаа дека топката прво го удрила Силва во раката а потоа Трент, па не знам. Некој треба да одлучи но доколку Силва постигнеше гол со неговата рака, тој ќе беше поништен, па неговото играње со рака треба да се земе во предвид. Можам да го разберам разочарувањето кај противникот, кога ќе примите гол треба да бидете разочарани, веројатно и ние би се чувствувале така да сме во нивна ситуација“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×