Капитенот на Реал Мадрид за навивачите на Ливерпул беше главен негативец во финалето од Лигата на шампионите откако Мохамед Салах се повреди по еден дуел со него, а потоа со лакт во глава го „патосираше“ и голманот Лорис Кариус, инцидент за кој подоцна докторите востановија дека придонел чуварот на мрежата да заработи потрес на мозокот.
Јирген Клоп во неколку наврати го критикуваше однесувањето на Серхио Рамос, кој возврати на нападите оваа недела на прес конференцијата пред дуелот со Атлетико Мадрид во Суперкупот на Европа.
„Можеби си бара изговор и оправдување за поразот во финалето, бидејќи ова не му е прв пат да загуби финале. Клоп треба да си ја гледа својата работа“ – порача Шпанецот од Талин.
Но токму на пресметката со Атлетико Мадрид, Серхио Рамос имаше нов неспортски потег и му удри лакт во глава на Диего Коста, па веројатно Јирген Клоп не за џабе го напаѓаше дефанзивецот.
Инцидентот се случи само неколку минути по голот кој го постигна напаѓачот за 1-0, Диего Коста по само 49 секунди на спиење ги фати Серхио Рамос, Рафаел Варан и Кејлор Навас и ја затресе мрежата.