Клоп не може да поверува, навивач го повреди Адриан…

by
1 минути читање

По победата над Челси во Истанбул, фан на Ливерпул влегол на терен и несакајќи го повредил голманот Адриан, настрадал зглобот на Шпанецот.

Адриан е замената за Алисон кој се повреди во првото коло од Премиерлигата. Сега и шпанскиот голман е неизвесен за мечот со Саутемптон.

Доколку не може да настапи, Клоп ќе треба да бира некој од искусниот Енди Лонерган или младиот Комхин Келехер.

„Не разбирам зошто во светот на социјалните медиуми каде сите сме заедно, навивач да скокне на теренот поради нешто и да го удри зглобот на Адриан“, вели Клоп.

„Ќе видиме дали ќе може да брани. Ќе размислиме за дуелот во сабота, треба да најдеме начин да победиме“.

„Енди Лонегран тренира заедно со Келехер и ги имаме нив како опции“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×