Ливерпул има предност од 25 поени пред Манчестер Сити во Премиерлигата, потребни им се само уште две победи за и теоретски да бидат шампиони.
Шампион последен пат биле пред 30 години. Чекаат долго повторно да бидат први во Англија но се уште е неизвесно дали ќе го добијат трофејот.
Екипите се сложни да продолжи сезоната во Премиерлигата, датумот е 12 јуни, но се ќе зависи од властите во Англија и ситуацијата со корона вирусот.
Ако сезоната не може да се комплетира има две опции, или таа целосно да се поништи, или табелата да биде важечка без разлика што не е одиграна до крај.
„Одигравме 76 проценти од натпреварите и би сакале сезоната едноставно да се поништи? Мислам дека тоа не би било фер“, вели Клоп.
„Ние сме први на домашната табела, први сме на гостинската табела. Ова е сезона во која треба да бидеме шампиони“.
„Најважната работа во моментов е справувањето со кризата. Но тоа не значи дека некои други работи воопшто не се важни бидејќи се помалку важни“.
„Мислам дека во животот има полоши работи од тоа да не се стане шампион. Многу луѓе околу нас имаат големи проблеми. Луѓето умираат, тоа се случува секогаш, но во овој момент тоа е поради вирусот за кој не знаеме многу и за кој никој не беше подготвен“.
„Не можеме да бидеме подготвени за се, но треба да реагираме. Тоа е животот, да се реагира на работи кои не ги очекувате“.