Ливерпул утре на
Енфилд го пречекува Атлетико Мадрид во реваншот од осминафиналето во Лигата на
шампиони. Ова веројатно ќе биде еден од ретките мечеви кои ќе се играат без
публика, во моментов нема најави дека трибините ќе бидат празни.
И покрај тоа што
минатата недела стави јасно до знаење дека не е човекот кој трба да одговара на
прашања за коронавирусот, и на денешниот прес Јирген Клоп мораше да говори на
оваа тема.
„Има многу
поважни работи од фудбалот. Треба да се најде решение, не знам дали помага тоа
што се игра зад затворени врати. Пробелем е тоа што ако не сте на стадион, ќе
одите во паб или ќе се соберете кај некој пријател и пак можете да се
разболите. Како и да е, ќе ги почитуваме и пременуваме сите препораки на
властите. Сите ние имаме семејства“ – вели Германецот.
Пред крајот на
прес конференцијата, следеше ново прашање, овој пат од новинар од Шпанија, а
Јирген Клоп малку го повиши тонот.
„Дали си од
Мадрид? Нели си загрижен? Зошто си дошол тука? Остани дома, школите се затворени
и има еден куп други мерки во твојата земја“.