Клоп најде нов ангажман, ќе работи во германскиот фудбал!

by Стефан
1 минути читање

Поранешниот менаџер на Ливерпул, Јирген Клоп, прифати нова функција во родниот германски фудбал и стана дел од експертската група на Германската фудбалска лига, чија цел е да го подобри германскиот фудбал.

Клоп ќе работи рамо до рамо со светскиот шампион од 2014 година, Сами Кедира, потоа со Јохен Зауер од Баерн Минхен, Маркус Крошe од Ајнтрахт Франкфурт, како и со уште неколку поранешни фудбалери кои оставиле трага во фудбалот во Германија.

Главната задача на оваа група е да ја зачува конкурентноста на Бундеслигата и воедно да продолжи со развојот и промоцијата на младите таленти.

„Убедени сме дека финансиските, правните и спортските рамки мора да бидат поставени така што Бундеслигата и германскиот фудбал ќе останат конкурентни“, изјави извршниот директор на ДФЛ, Марк Ленц.

„Експертската група ќе ни помогне да извлечеме правилни заклучоци и да предложиме конкретни чекори за напредок.“

Во соопштението се додава дека групата ќе работи на усовршување на младите фудбалери, нивна интеграција во сениорскиот фудбал, како и на унапредување на клупските стандарди и организациски структури.

Овој ангажан нема да влијае на функцјата која ја има Клоп во групацијата „Ред Бул“, каде што од јануари 2025 година ја извршува функцијата глобален директор за фудбал и е вклучен во работата на сите клубови кои се во сопственост на компанијата.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×