Клоп на збогување ги „пецна“ Манчестер јунајтед, Челси и Манчестер Сити

by bojan
2 минути читање
Клоп

Сега веќе поранешниот тренер на Ливерпул, Јирген Клоп реши да ги „пецне“ Манчестер јунајтед, Челси и Манчестер Сити при збогувањето со навивачите.

Во Ливерпул синоќа беше организиран специјален настан за испраќање на Јирген Клоп, а Германецот ја искористи оваа прилика да испрати последни отровни стрели до ривалите.

Еден од водителите, комичарот Џон Бишоп рече: „Заминуваш со една освоена титула во Премиерлигата, но ако одлучи судот, можат да бидат и три!“

„Ако се организира парада со отворен автобус, доаѓам одма! Не ми е гајле колку време ќе треба“ – порача Германецот.

Ливерпул во два наврати останаа покуси во битката со Манчестер Сити за само 1 бод, а „граѓаните“ допрва ќе требе да одговараат за 115 обвиненија за прекршување на правилата за ФФП.

Јирген Клоп исто така рече дека не жали што Ливерпул не купил играчи како Килијан Мбапе, Џуд Белингам или Ерлинг Халанд.

„Можете да го замислите Ливерпул со неограничени пари? Замислете да дојдеше Мбапе, или да дојдеше Белингам, или пак Халанд? Тоа не сме ние. Освоивме тоа што освоивме на наш начин, на начинот на Ливерпул“.

Германецот потоа се заблагодари за поддршката од сопствениците, и го „пецна“ Челси.

„Требе да бидеме среќни што имаме вакви сопственици а не како оние кои купуваа клубови во Лондон. Немаше да издржам ниту една година во Ливерпул“.

„Одличен развој но не доволно добро, избркај го! Една година подоцна, „Избркај го!“ И кога конечно играат добар фудбал и луѓето мислат дека тоа е тоа, пак го бркаат тренерот“.

Јирген Клоп исто така меѓуредови го критикуваше и Манчестер јунајтед за третманот на Џејдон Санчо.

„Кога целиот свет ќе изгуби верба во играчот, тренерот е тој што прв треба да застане зад играчот. Кај мене не поминува тоа „бескорисен е“, како што се однесуваат некои други клубови, купуваат играч за 80 милиони фунти и потоа го испраќаат на позајмица“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани