201
Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул имаше незгодна ситуација по крајот на мега дербито
со Манчестер Сити кое неговиот тим го доби со 3-1 во еден за многумина мошне
важен меч во битката за титулата во Премиерлигата.
Во моментите кога
Клоп ги поздравуваше фановите на Ливерпул од центарот на теренот, традиционално
како и на сите натпревари имаше камерман веднаш до него кој го регистрираше
неговото однесување, меѓутоа еден детал мина со негативна реакција од страна на
Германецот.
Камерманот во
еден момент побара од Клоп да прослави со неговата добро позната „тупаница“, на
што Германецот гледајќи кон камерата веднаш му возврати со зборовите „Не додека
ти си тука, јас не сум кловн“.
class="twitter-tweet" data-lang="en">