Јирген Клоп му се
извини на предводникот на Јувентус, Маурицио Сари поради коментарите за тоа
дека не му е јасно како бранителот на титулата во Италија нема најмалку десет
бода предност во однос на своите ривали во „Серија А“.
Јувентус сезонава
не игра на нивото на кое сите се навикнати да го гледаат, а притисокот врз
Маурицио Сари од ден на ден расте, меѓутоа Клоп вели дека немал никаква намера
да внесе притисок во работата на Сари, кој го оцени Германецот како смешен
поради таа изјава.
„Не сакав да го
ставам Маурицио Сари во ситуација под притисок, не ги играм тие игри со
зборови, како и мисли“ рече Клоп.
„Понекогаш јас не
размислувам пред да зборувам, се случува, јас само реков дека не ми е јасно
како Јувентус нема предност од 10 бода во лигата во однос на своите ривали“
додаде Германецот.
„Го гледав дуелот
помеѓу Лацио и Интер, тоа беше причината, овие две екипи се причината, Интер
игра одлично, Лацио повторно се врати како во старите времиња, ќе биде
интересно, јас лично не сакав да додадам притисок над Сари, го почитувам него,
бев среќен кога го слушнав неговиот одговор дека сум бил смешен со таа изјава,
се случува да кажам нешто што никој не би го сфатил сериозно“ заклучи шефот на
стручниот штаб на европскиот првак Ливерпул.
Кога сме веќе кај случувањата во
„Серија А“, Лацио и Интер ја направија сезоната мошне интересна, со тоа што се
сериозни ривали на долгогодишниот првак во тој шампионат Јувентус.