Клоп му порача на Мињоле: Зборувај со мене, не со новинарите

by
1 минути читање

Јирген Клоп
индиректно го предупреди Симон Мињоле да не биде толку отворен со својот гнев
за медиумите, му порача за се
што има проблем, директно со него да поразговара, а не на начинот кој
Белгиецот го направи, веднаш со медиумите.

Мињоле ја нарече
бизарна ситуацијата во која се најде откако на Кариус му беше дозволено да си
замине од Ливерпул ова лето во Бешикташ, а нему не му била овозможена таква
опција од клубот.

Ливерпул денес (сабота)
гостува кај Лестер, а на пресконференцијата во пресрет на таа средба Јирген
Клоп беше запрашан и за коментарите на Мињоле, па германскиот фудбалски стратег
имаше што да одговори на оваа тема.

Генерално да се
зборува за сопствените проблеми јавно нема никаква смисла, многу е подобро да
се разговара директно со особата со која имате проблем, отколку на таков начин,
јас верувам дека така се решаваат проблеми. Како и да е, се случува, луѓе сме и
немам никаков проблем со тоа
“ рече Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×