Клоп: Како би реагирал да сум на местото на Анчелоти…

by
1 минути читање

Утревечер се игра
доста интересна пресметка на „Енфилд“ каде бранителот на европската титула
Ливерпул пред своја публика го пречекува италијанскиот вицепрвак Наполи кој се
наоѓа во еден турбулентен период.

Веќе почнаа да се
шират казни помеѓу избраниците на Карло Анчелоти, а тоа доаѓа откако настана
бунт во соблекувалната на тој состав кога фудбалерите одбија да ја почитуваат
одлуката на клубот за карантин, а дополнителен проблем настана кога самиот
Анчелоти ги поддржа во тоа.

Како и да е,
запрашан за ситуацијата со која се соочува Наполи, и како би реагирал тој да е на местото на Анчелоти, шефот на стручниот штаб на
Ливерпул, Јирген Клоп посочи дека клупската структура на Островот е различна во
однос на истата во Италија, додаде дека постои можност фудбалерите на Наполи да
бидат посебно мотивирани токму од настанатата ситуација во клубот.

Хмм… Клупската
структура во Англија е доста различна од таа во Италија, кај нас не бараат да
сториме такво нешто, имав некое искуство, од поодамна, сето тоа функционираше
одлично, но, да бидам искрен, немам претстава што се случило и зошто дошло до такво
нешто, сепак, што и да се случило, тоа што ние го очекуваме е можноста истото
да ги направи посилни
“ рече Клоп, а потоа подвлече и неколку пофални зборови за својот ривал од спротивниот табор.

Карло Анчелоти е
еден од најискусните тренери во светот на фудбалот и знае како да се справи со
сите ситуации, тие имаат искусен состав, технички се доста квалитетни, имаат
одлични фудбалери во својот тим, а секако ова ќе биде доста тежок меч за нас

дополни германскиот фудбалски стратег.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×