Клоп ја разбранува англиската јавност: Нема да бидaм на клупата за реваншот со Шрусбери, Ливерпул ќе игра со деца!

by
2 минути читање

„Црвените“ синоќа
испуштија предност од два гола на гостувањето кај Шрусбери во 4. коло од ФА купот,
третолигашот херојски се избори за 2-2 и реванш на Енфилд кој треба да се игра
на 4. февруари.

Ова преставува
проблем за Ливерпул бидејќи тогаш е зимската пауза која за прв пат оваа сезона
ја има во Премиерлигата. Па Јирген Клоп порача дека тој нема да биде на клупата
за реваншот, првотимците ќе одмараат и на теренот ќе истрчаат деца.

„Видете, минатиот
април добивме писмо од Премиерлигата во кое беше побарано од нас да ја
почитуваме зимската пауза (во февруари) и да не договораме никакви натпревари,
ниту пријателски, ниту контролни, ништо. И ние го испочитувавме ова. Па затоа
за две недели, ние ќе бидеме на зимска пауза и децата ќе играат против Шрусбери
на Енфилд. Таква е ситуацијата. Премиерлигата побара од нас да ја почитуваме
зимската пауза и ние го сторивме тоа. Чим ФА не сака да ја почитува, тоа е
нивен проблем. Ние нема да се појавиме, ќе бидеме на одмор. Дали ова значи дека јас нема да бидам на клупата? Секако, Нил Кричли ќе биде главен“
– порача Германецот.

Нил Кричли веќе
еднаш го менуваше Клоп и предводеше тим на Ливерпул составен од деца против
Астон Вила во Лига купот додека Германецот и првиот тим беа во Катар на
Светското клупско првенство.

„Интернационалци
како Џордан Хендерсон, Вирџил ван Дајк, Џини Вајналдум, Трент Александер
Арнолд, Мо Салах, Садио Мане и некои други, никогаш немаат одмор. На момците уште
пред две недели им кажав дека ќе имаат зимска пауза. Мораме да внимаваме и на
нивното здравје. Потребен им е одмор, како физички така и психички“.

Ваквите изјави ја
разбрануваа англиската јавност, особено онои кои се големи поборници на
традицијата. Тие бараат Германецот и Ливерпул да бидат казнети поради тоа што
покажуваат непочитување кон најстарот фудбалско натпреварување. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

×