Утринава излезе информацијата дека Јирген Клоп се враќа на работа, но во друга улога, ќе биде глобален директор за фудбал во Ред Бул.
Германецот со новата работа започнува на 1 јануари 2025, тој ја потврди веста и вели дека повторно е возбуден.
„По речиси 25 години крај аут линијата, не можам веќе да бидам возбуден а тоа да не биде некој ваков проект. Мојата улога можеби се промени, но мојата страст кон фудбалот и луѓето на кои им е важна оваа игра никогаш нема да се промени. Сакам да го помогнам развојот и унапредувањето на наверојатните фудбалски таленти кои ги има Ред Бул“, рече Клоп.
Клоп во договорот со Ред Бул има и посебна клаузула која му овозможува да го раскине договорот доколку добие понуда да стане селектор на Германија по СП 2026 кога истекува договорот на Јулијан Нагелсман.