Ливерпул имаше предност
од 0-3 на полувремето, а на крајот се задоволи со бод и резултат од 3-3 против
Севилја.
Стратегот од клупата на
Премиерлигашот, Јирген Клоп не го криеше разочарувањето по катастрофалното
издание на неговите избраници во второто полувреме.
„Престанавме да играме
фудбал во второто полувреме, ние имаме едно оружје – да играме фудбал, а ние
тоа не го направивме во второто полувреме пред да го примиме вториот гол“
изјави германскиот фудбалски стратег по ремито со Севилја.
„Наликува како да сме
загубиле, но не загубивме. Постои уште еден натпревар и сега се’ е во наши раце, но во овој момент ова чувство е навистина
лошо…“ додаде Клоп.
Ливерпул во последното
коло на домашен терен игра против Спартак Москва кој пак во финишот испушти
триумф над Марибор, а Севилја гостува токму во Марибор.
На табелата моментално
прв е Ливерпул со девет бода, еден повеќе од Севилја, односно три во однос на
Спартак Москва. Марибор со два бода нема никакви шанси за прогрес, ниту пак за
третото место.