Клоп има свој фаворит за негов наследник во Ливерпул

by
1 минути читање

Во интервју за
магазинот „ФорФорТу“, шефот на стручниот штаб на европскиот првак, односно
англиски вицепрвак Ливерпул, Јирген Клоп верува дека негов идеален кандидат за
наследник на клупата на тимот од „Енфилд“ е легендата на тој клуб, Стивен
Џерард.

Џерард моментално
ја одработува својата втора сезона на кормилото на Глазгов Ренџерс, тим кој
заостанува три бода зад лидерот Селтик по шестте меча одиграни во најсилниот
шампионат на Шкотска, а стартуваше со минимален пораз од Феенорд во првото
воведно коло од групите во Лига Европа сезонава.

Мојата позиција
како тренер нема никаква врска со луѓето околу мене, доколку Ливерпул посака
утре да ме разреши од таа позиција, можеби Кени Далглиш би бил првиот избор да
ме наследи, меѓутоа тие веројатно би го донеле Стиви од Глазгов
“ изјави Клоп.

Доколку мене ме
прашувате, јас би го одбрал Стиви, би му помогнал на секаков можен начин, доколку
некој ја добие вашата работа, не се работи за нив, се работи за тоа дека не сте
биле доволно добри за истата
“ додаде Германецот.

Јас сум доволно
возрасен за да знам дека дадов максимум за оваа работа, не сум генијалец, ниту
перфектен, но давам 100% од себе за клубот, доколку тоа е доволно, супер,
доколку не е така, тоа веќе проблем на самата ситуација
“ заклучи Клоп.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×