Клоп има решение во битката против расизмот

by
1 минути читање

Шефот на
стручниот штаб на Ливерпул, Јирген Клоп смета дека еден од острите одговори на
расизмот е да се повлечат екипите од терените за време на натпреварите доколку
има расистички скандирања од трибините.

Големо внимание привлече
тоа што се случи на дуелот помеѓу Црна Гора и Англија во европските
квалификации, откако Гордиот Албион славеше со 1-5 во Подгорица, а на мета на
домашните навивачи беа црномурестите фудбалери, кон кои имаше расистички
извици.

Црна Гора е на
тапет кај УЕФА по тој случај, а Клоп се одзва по тоа прашање и практично
застана во одбрана на Хадсон-Одои, Рахем Стерлинг и особено Дени Роуз кон кого
имаше најмногу напади од гледалиштето.

Не е смешно, би
било навистина за мене тешко да ја искусам таа ситуација на Рахем или Роуз,
едноставно е, мораме да ги сопреме тие натпревари, знам дека Герет тоа не го
стори
“ рече Клоп на пресконференцијата во пресрет на дербито со Тотенхем во
Премиерлигата предвидено да се одигра викендов.

Што и да можам,
ќе сторам, тоа е едноставно, мораме да го сопреме мечот на кој би имало такви
работи, било што, јас разбирам зошто Герет тоа не го стори, меѓутоа во такви
ситуации се
е дозволено, тоа
е моето мислење, тоа не е смешно, мораме да го сопреме
“ посочи Германецот
алудирајќи на тоа дека Герет Саутгејт би можел да ги повлече своите фудбалери
во таа ситуација.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×